срамежливо прил.
срамежливост ж.

срамежливо (прил.)

Тој ѝ климна со главата, а таа само срамежливо се насмевна и го трга погледот на страна, чувствувајќи како ѝ шика врелина во лицето и како врвовите на ушите ѝ горат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Бабата Русинка нѐ повика да влеземе во собата, а ние срамежливо ја подотворивме вратата и влеговме со козлето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Братучедите повторно срамежливо ме избакнуваа и брзо ми се измолкнаа од прегратки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му одговорив дека сакам да знам каков е. Сите срамежливо се насмејаа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На масата горат две свеќи, двајцата се гледаат по малку срамежливо низ млаката светлина, колената случајно одвреме-навреме им се допираат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Над јајчестата фаца со срамежливо затворени усни, сините подзамижани очи, блескотат како подзакриени џамлии.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Си го симна букарот, го остави на ред, а Доста ги остави ѓумовите и застана крај Митра, срамежливо, како што ѝ прилега на млада невеста и тоа јабанџика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Огледалото како срамежливо невинче црвенее кога ќе ме здогледа. Ја голтнав четкичката за заби.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Земам парче хартија и срамежливо правам рекапитулација на сопствената кариера: добар старт, големи паузи, мал успон и веднаш потоа пад, повторно мал успон, па уште еден нешто поголем, па уште еден пад, па пак голема пауза...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На самоти почеток одвај чујно, речи си срамежливо, тивко како лесно треперење на крилја на вилино коњче, едната јa гони другата и се нижи во синџир, а во него - студените кладенци каде моми студена вода налеваат, прстенот меновник, долгите години на чекање, високите чардаци, белата пченица и деветте гулаби што високо над ширно поле летаат, јадовите момини и либето кое под прозорец, пред порти, под чардак чека...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сталинка првин срамежливо, а потем игриво појде кон прчот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сонцето сремежливо го најавуваше новиот ден. Бојана мирно спиеше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Неговите бледосиви очи прелетуваа срамежливо од едно лице до друго и брзо скршнуваа настрана кога ќе се сретнеа со нечиј поглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи, Тото ме сакаше. Ме посакувале и други, главно тајно и срамежливо (барем се надевам), но не сум се нудела.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Почна да се вртка на седиштето. Најпосле стана, се отетерави несмасно преку ќелијата, пробуричка низ џебот на својата униформа и срамежливо му подаде едно извалкано парче леб на лицето-череп.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие години, кога беа пронајдени коските во Долнец, весниците веќе имаа почнато, многу одоколу и срамежливо, да објавуваат по некој збор на поединци, пред сѐ на роднини, за масовно погубување на луѓе, за масовни стрелања без суд.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сталин ми честита. Срамежливо ми споменува некое островче на Јадранот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ме гали, ме голта со сиот глад што го чуваше, ме пие со сета жед, но сѐ така фиктивно. Мечтателно, ко во сон... Срамежливо, избезумено, толку нежно сетилно растреперено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе