срди (несв.)
Комитетот се срди зошто конзулите не ги осветлуваат работите како што се.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не срдете сја на мене, мене сиромаха. Не срдете сја на мене скитника без рода.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Ја ај кажи ми да чујам јас, да да видам имаш ли право што се срдиш?“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
1. КОГА МЛАДИТЕ СЕ ВЕСЕЛАТ, СТАРИТЕ СЕ СРДАТ - не затоа дека таквите веселби ги плашат, ами дека во тој ритам не смогнуваат да мрдат без коска да исчанчат ил' око да вџашат ...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Тој по мачниот живот што го мина, неколку пати соочувајќи се со смртта и со пеколни маки, во последен миг спасен пред да биде целосно жив закопан, им порачуваше да ги сакаат родната земја и јазикот до страдање, да не им се срди срцето против Албанија дури и кога ќе страдаат невини, татковината останува татковина, дури кога убива.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- „Што се срдиш, мори ќерко, толку, ѝ рекла свекрва ѝ, чунки тогај си дошла од работа, што зијан ти се стори?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)