сребреникав (прид.)
Арсо малаксано се опушташе на леглото, а му се чинеше дека тоне во задушлива празнина и врз лицето му се дипли сребреникава пајажина која му пречи да дише...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Ушчоме, не сме јабанџии, милозливо вели жената и му подава слатко од дуњи во црвеникаво ребресто поте на долгунаест порцелански послужавник, оивичен со тенка сребреникава метална плетенка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Навистина има едни сребреникави лица, конци, овде-онде, но кој може преку конец да мине!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Најлошо беше тоа, што ја немаше водата, да заплисне и да го проголтне сето во него и сето наоколу во својот сребреникав пороен шум; најлошо беше што сето наоколу беше сковано во оној мраз.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)