среда (ж.)
Се жртвуваш и сега ти го чуваш своето дете заедно со детето на „разлигавениот“ и пријателка ти, па играш пинг-понг во четворка со мажот нејзин секоја среда и петок и баскет секој вторник и четврток.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Таа среда попладне се собравме во полн состав.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На Велја среда го пресече и го извади разбојот од тремот, за да ѝ го отстапи по Велигден на Митра и таа да чкрипне некој и друг лакот шајаци или некое козинавче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Средата ли, четвртокот ли, одново се разденивме како во пекол градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни, Татко ми го снема, како да исчезна во времето, и некаде по некој ден гледаме: водата ги раскопала гробиштата и жолтите коски на мртовците пливаат по улиците и ни мавтаат на сите: ајдете, велат, што чекате?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Среда Ноември Мојот живот - уметничко дело - по порачка зашто уметноста нема цена, таа е бесплатна.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Средата стана симбол на остварувањето на мојот најголем сон и престана да биде обичен ден во неделата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Среда Октомври Застани, почекај животот да почне да делува, тој ќе го направи своето.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Секоја среда и петок, кога им се совпаѓаа часовите, се среќаваа на партија озборување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Среда Август Список со наредби. Закони за тебе, за мене. Патиштата се отворени. Зелено како мастило. Вода како непребол.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Утре е среда, се случи двапати токму во среда да доаѓаат писма. Можеби и утре ќе дојде.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во петокот се засакавме, во понеделникот се скаравме. И пак е среда.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Најпосле, на дваесет и трети август, ден среда, се појави водата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Еве во рамките на ширењето на невистини како биле објаснети настаните од 6 мај во официјалниот весник “Монастир“ од 30 април (13 мај): „Во минатата среда некои бунтовници, со намера да предизвикаат буна, почнаа во разни делови од градот да пукаат на војската и на турското население.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Јасно беше дека целата работа е пропуст на еден дел од Метеоролошкиот завод: Во средата попладнето, кога жителите почнале да се евакуираат, заводот издал соопштение дека ураганот нема да удри пред четвртокот навечер.
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
Жабе и натаму џвакаше јатки од млади ореви, гласовито зборуваше дека во светот се вади жива вода на сто метри длабочина, понекогаш и жешка, рацете, вели, да си ги изгориш, а Паско Бачо, како човек кој не чувствува потреба да бара прецизна причина за да каже нешто кое не мора да е во вистинскиот контекст, па уште и со некое спокојство, се сврти кон мене: „И така, Симон“, вели, “во 1956 година, дури се копаше вака каналот за наводнување Камадаречко, беше среда, 21 септември, дванаесет и десет или дванаесет и петнаесет часот, не ме фаќај за зборот...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
2. Средата поручек Боцевата берберница е живната. Пред вратата ја опчекориле клупата и играат шах слепиот Саве и син му на Боцета, Миланче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дните до четврток се направија цели месеци, а среда се продолжи во година.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)