среде (ср.)
Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се веруваше дека третото среде од трите средиња го означува центарот на светот, односно центарот на вселената, и се говореше дека токму во таа одаја паѓа идеалното среде на целата вселена, точката во која се сечат сите светови Божји.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Едноставно, се разбудив едно утро без средето на светот во себе, и знаев дека не ќе можам да изведам веќе ниедна точка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Само за нокте едно помести го средето на светот, и тоа веќе не е среде, и писмото тајно се брише, не се виѓава. Сѐ што гледаме сведочи за невидливото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А воздухот зарем не е на средето од овие две?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Пајак сум со крст на грбот, и сум создал цела една мала вселена; краевите по кои ги составував и лепев деловите навистина прилегаа на мрежа, на зраци сончеви што се распостилаат наоколу од средето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, тоа беше само физиолошко објаснение; јас знаев дека не телото, туку дека душата ми е болна, и дека ми недостига средето на светот. Затоа и одам: да го најдам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А гостилничарот идеше со земјено тавче в раце, што го спушти сред маса како колач на среде.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Околу масата стоеја наредени столчиња, на средето од собата се наоѓаше црниот стол на кој седеа обвинетите, а крај ѕидиштата миндери за мезличарите и други пријатели или службени лица.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оти блажен е, среќен е оној кој ќе успее да ги спои светлината, бојата и музиката; блажен и среќен е оној што од папокот на жената љубена, од словото свое и од чашата вино ќе сотвори Едно, оти само тогаш ќе го најде, ќе го означи средето на светот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Околу средето на зимата се досвршија дрвата по двориштата и аскерот почна да гори сѐ она што беше од дрво направено.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И во средето на светот столб златен видов, столб што се извишува во висина на човек, во резби раскошни, од рака нечовечка сочинети, со какви што ниеден свешник на лицето на земјата не е украсен; и на врвот од столбот – плоча златна, четириаголна; и на неа – Книга во папокот на светот, чаша со питие небесно, Слово Господово!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ги лепев стакленцата едно по едно, а бев тргнал од краевите на сликата кон средето, оти така ми се виде полесна оваа ука; тргнав од косата, од перчињата, кон средето, кон очите и носот, и конечно, последното парче го ставив, од устата, во самиот центар на сликата, во точката од средето, во средето на средето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И јас знаев: не постои еден папок, едно среде на светот, оти на три е разделено: на чаша, на папок женски и слово.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И средето ќе биде во него, и тој во средето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И се узна така дека исто слово стоело од лево и од десно од средето на клопчето, од буквата „Ж“, небаре огледало е таа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И веќе никогаш никој не ќе знае каде е средето на светот, папокот на светот, и што пишувало во кобната книга што толку несреќи ни донесе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)