средина ж.

средина (ж.)

Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во средината на летото 1940 година известителната служба на Велика Британија немала некои поголеми успеси на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Некаде кон средината на езерото шеташе месечевата светлина како некој одозгора да држи насочен благ рефлектор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во односот на белиот зрак кон сивата средина се создава впечатокот на црвената.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Беа прочитани и протестни писма упатени до претседателот на Владата на Собранието на Република Македонија и до Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А сонцето припекува од средината на небото и не ми ја слуша молитвата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мангалот на средината од собата е згаснат и запретан во пепел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пресечи шумка и легни ја со врвот кон средината од лисникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но на таа теорија ѝ беше затворен влезот во Македонија, како и во сите тие средини од каде што излегуваа пропагандистите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми стојат онака ко светци на средината од затворското двориште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако почне од средината и зимата ќе биде в среде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па синот се решил за средината: скришум си земал од грнето на татка си додека тој најпосле не го сетил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оние кои што некаде кон средината на осумдесеттите даваа заклетва дека ќе бидат лојални на принципите на извидничкиот кодекс во херојското село Лавци битолско, може ќе се сетат на следново.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сепак знаеше и често велеше дека за човека е најдобро место она каде што најдолго живеел, средина со која се сродил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак, некаде на средината се влеваа во еден и како река го продолжуваа патот губејќи се некаде зад хоризонтот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се овиснува на попречното железо по средината на вратата и фрла опул на едната и на другата страна од композицијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Имаше и големи црвени печурки на кои децата седеа наместо на столчиња, а во средината на дворот се синееше мало езерце од кое децата црпеа вода и ја пиеја.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во средината ходник широк колку двајца да се разминат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе