срете (св.)
Затоа, ако сакате да го запознаете Зоки Поки, првин ќе ви препорачаме да ги прочитате приказниве за него, а ако и покрај тоа сакате да го сретнете, ќе мора да појдете од она што сте го дознале за него, и да го барате. Каде ќе го најдете?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ги срети на појадок. Се поздрави со сите, а потем седна до секретарот Сретен Јаворов, спроти експертите од Министерството за урбанизам.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сред ливада, таму, и татко, и син ќе се сретат; таткото сина ќе гушне.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Туку да го сретам, а? Нешто да го видам очи в очи и да му се поклонам, а? - си кроеше Петре, гледајќи се себеси, горделиво исправен пред затворениот султански шестопрег на поминување, ама и самиот напред, меѓу носачите на царските нишани.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зошто никој не ѝ рекол дека пролетта ја отчепува сета радост и сета тага па тешко му на оној кој во лудоста ќе ги срете“.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)