срипа св.

срипа (св.)

По летото денот липал, а од својот душек дрпав оној костур бесно срипал.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Срипа и ме клоцна по стомакот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потоа срипаа проповедници на разни религии да корнат коси дека бракот е од Бога изумен како заедница на мажот и жената, те само на мажот и жената, ни под разно на мажот и мажот или жената и жената, уште помалце на жената и мажот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ако се случеше во сонот да се одвои од неа, ќе срипаше како попарен, исплашен да не се претвори во пердув, ветерот да не го подземе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Срипавме низ `ржаницата и подолу на патот го пречекавме Колета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одеднаш рикна така силно што од силна рика испукаа џамовите, срипаа ќерамиди од покривот и паднаа на подот од кланицата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
— Потихонка, ќе срипа полицаецот и повторно ќе ја обеси главата да спие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе срипаше од постелата, ќе свикаше не баре му дошло крајот, а со крикот ги будеше и соседите кои знаеја дека Сане се одлепил од земјата, го изгубил здивот и оти ќе му треба долго време на земјичката да си се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А тој, како на готовс, срипа и извади пластични чаши и налеа од сокот држејќи го под мишка бебето, кое, патем, се викаше Барбара. И ѝ личеше името!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се наведнав да го фатам јарето, но тоа срипа и избега.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога сите шумови се стишаа, срипав од постелата и брзаница ги извршив сите утрински задолженија. По ѓаволите!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Човекот срипал, ама водата веќе била до глуждови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со милноста на песните и нас нѐ погодија во длабочината на градите, ни ја стоплија душата, та и ние срипавме и тргнавме кон нив, и без здив се прегрнавме, се слеавме и песна запеавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се сетив дека татко ми забранува да ја удирам зашто е помала од мене цели пет години и зашто сум силен, па би можел не сакајќи да ја повредам, и, токму кога сакав да ја пуштам, таа срипа и со нога ги растури сите фигури од шаховската табла.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Срипа од столот како да беше буцнат во најболното место.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Срипав. Нозете не ме држеа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Срипав од столчето, брзајќи да излезам од куќата пред да почнам на глас да липам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знаев дека ќе дојдеш, - срипа тој, - уште „од одма“ те оценив дека си човек од збор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе