срмен (прид.)
Убаво гледам како ги крева рацете со широки просрмени ракави. ѝ се завраќаат кон лактите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вратата се отвори и во одајата влезе забулена жена во чинтијани од сино кадифе, со срмен елек врз копринената блуза.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И помолил, за спокој на душата, сета машка челад на Мечкојадовците да носат обетка на левото уво и да колат сѐ што е дворјанско, под самур - калпаци, во зелени долами везени со злато и во кафтани од срмен кумаш ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Чекаше. Секоја саботна вечер, таа го отвораше невестинскиот ковчег, ги вадеше, ги ветреење и редеше невестинските шејови: првин својата невестинска руба, сета со чипки и тантели, белата невестинска шапка венче со прозрачен долг вел, белите чевличиња со срмени копчиња.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На срмениот елек му висеше сребрен ќостек14), на кој беше врзан сребрен часовник.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
По него, ама за чекор, скоро рамно со него, одеше Геро како асистент - снимател, со камерата на рамо, небаре со прваче на кркач, а на папокот му ѕвечкаше синџирчето со клучето и ножето, како срмен пискул за џебен саат со капаче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И тогаш санџак-бегот ѝ ја тргна шамијата и ѝ го разгрли срмениот елек на најмладата своја жена.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Што ткаенини изнакупив, она вермеле со црна основа, кошулата со црвен и срмен вез, ќилимите со шара долапи за големата одаја...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ѝ определи засебна соба најудобно уредена; ѝ направи најубава облека, скапоцени срмени влечки, накити какви што имаше на времето најубави и најскапи и ѝ наложи на Ајша да почне со кандисувањето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Извади прво ново кошулче од конец, мора „копитата" кошула, саѓија со срмени кистови, појас, алова фута, чорапи, калци и гуна со чоа. Од шамии најдоа десетина гушалчиња, тулбени, ќилими ...
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, заради нејзината младост и убавина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На градите има срмен елек со гајтани, на половината опашал црвен појас, во кој закачен светка револверот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)