срча ж.

срча (ж.)

Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Забриши ги, - рече - и срчата се изгребала, та ни бришење помага, ни ништо.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Виде уште еден убиен - црн, клунест со закопани нокти во килимот прошаран необично со црвени капки и ситни срчи на очила.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Постела. Сѐ е срча и смет, ми мириса на ракија и анасон.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
4.8 Сега навикнувам на живот Надвор од времето Во кое, наслушнувам, Рика ноќта како болен бивол Пред наносите на раздробена срча.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми ја растураат главата, ми ѕвонат ушите, се кршат некои срчи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кажано поедноставено, без хаику безредија: кога ловецот е плен на неморален морал, и кога некој жирант ќе заборави на навременост од скршените садови на ланската зимница, потонат во мамурлак со срча во крвавите раце ќе сликам акварел, портрет на зборот во тесен чевел. Нено Богдан ***
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Утрото се прпелкаше во острите срчи на ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И чува господ: не ми влезе ни трн, ни срча, ни шајка во стапалото. Не се боцнав, не се пресеков.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во рамката се држат уште неколку парченца испукано стакло. Долу на подот - куп срча.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кејтеновиот син, кога ме виде, сиот се згрчи, како да згазил на срча со боса нога.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога ќе излезеше во чаршијата, ако ќајата на занаетчиите не го отпоздравеше, тој помислуваше на пизмата од Тодора, која ете, го следи и надвор од дома и му го поросува патот со остри срчи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стакленото небо на јазикот се распарчи и прекори сѐ: да нѐ распараа во секого ќе пронајдеа срчи од неизреченото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Камбаната бие, удира по три пати со долги паузи, гласот броди над селото, бега на сите страни, тони во срчата на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А ако му ги изнесам на дланка ситните срчи на својот сон?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Згора на тоа внимаваш на артефактите: срчите, солзниците, змиите30 кобните ствари...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе