стален прид.

стален (прид.)

Куќата си бара стална домаќинка, по цел ден во неа да си работи, - го слушнав, една вечер разговорот меѓу тетка Рајна и татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кланицата, потајниот говор на реката и сталното фучење на ветерот низ клисурата, го правеа местото студено и тајно. Уплавно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кочо веќе си го претстави животниот негов пат, од утро до вечер, тоа стално номадско местење меѓу крчмите в село и бифето на станица.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Колибата Сукаловска беше од оние, „сталните", во кои се мисли повеќе години да се живее. Не како на Кањата, Карабоја или некој друг, што правеа меќани за една зима на едно нивчуле, па кога ќе го подгнои, кревај желниците и сламата на друго!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работникот Љ Х од Велес (сега 50-годишен) беше во стален работен однос во АД „Киро Ќучук“ – една од велешките големи компании од градежниот сектор, со над 800 вработени кои, во транзицијата, неуспешно се трансформираа од страна на локални моќници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)