стално прил.
стален прид.

стално (прил.)

Таа дошла со студенти најверојатно оти стои Ми се чини дојдоа за некакви предавања, ми рекла дека пак ќе се видиме оти стално ќе доаѓале на предавања во гимназијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зошто бегате од мене стално кога сакам да ве допрам?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А оти чешелот стално ѝ беше во појасот, тоа сите го гледаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Подоцна кога дојдов во Маказар, кога се вратив за стално, веќе тропаа кофите и местото кај бунарот беше станало едно место за собирање навечер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Жена му Рада почина од притисок. Стално 180 со 120.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Имам проблеми со главата. Стално ме боли. Да ѝ ебам мамата.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
— Му се бендиса на војводата Ќосото и стално со него го води.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Авиони, возови, бродови и автобуси почнаа да ме прават меланхоличен –да си стално на пат значи да бидеш понизен, да имаш на ум дека само „транзитираш“, лебдиш некаде помеѓу, на место кое не е ни таму, ни ваму, ни тука.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тие, гоедските суви лепешки, развиваат таков оган, тивок, постојан и јак, и кој не бара стално да си врзан за него, зашто не постои опасност изненадеж да пламне или сам од себе да изгасне.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Добро баба Маре, ќе ја земеме“, ѝ велам и знам што ќе биде следното: „Вода топла има стално, а на езеро ќе переш за дечињата“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ГОРЕ: Стално пее вака или сега има трема?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Почнал да учи средно в град, но стално бегал назад во Долнец и недозавршил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
(На оваа финта стално сум се кладел у опклада и стално сум добивал.)
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Стално војувал за да си ја покаже силата и ги пустошел крајевите, кај што ќе поминел, така да луѓето многу му се плашеле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Стално имаше караници, до војна идеше, со Сопотово.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Навистина, Ќосото беше стално крај него, но во тие моменти тоа беше само негов најверен и најхрабар четник и другар, и ништо повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Околу една маса стално седеа Јован Ѓ, Толепаша Ѓорѓи Ацев и Глигур Соколов, и долго разговараа едно и исто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)