сталожи (св.)
Најмногу ме измачува тоа што не можам да се сталожам, да ги сфатам положбата и состојбата, бардото во кое се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Притоа, настојувајќи да се сретне со погледот на секого од редот. И редот се сталожи.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тоа го знам, а сепак не можам да се сталожам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Колата сѐ уште беше таму. Можеше да се види при убаво време, кога реката тече мирно, а калта на дното е сталожена.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Убавиот лик не го следеше тој со вртење глава, а го проследуваше, се така загледан в земи, внатре во себе, дури не му се сталожи како неусетна издишка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Да бидеш сам, вели, е работа на навика. Осаменоста е како песок, ќе мрда, а потоа, кога ќе се исцеди, ќе се сталожи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
„Чистотата на дворот, редот во него, кошниците со пчели, роморот на манастирската чешма, чинам, ме погалија, ме сталожија“ (Сестра Ангелина).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)