стапалка ж.

стапалка (ж.)

Некогаш не ти се вдава да се опулиш долу во снегот, да видиш дека стапалките се машки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги намачка стапалките со тоа тесто и чекорејќи на прсти внимателно застана на стапалките на сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Полицаецот сташно мрдна со мустаќите и го повлече за ракав старецот; на овој му паднаа напукнатите очила рамно под тешката стапалка на писарот кој потскокнуваше и мавташе со раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
На кејот девојката си ги капе стапалките во зеленикавите бранчиња.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сетив болка во зглобот на стапалката и несвесно извикав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стапалките се оддалечуваа од просторот и одеа кон планината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но стравот и возбудата кучешки ме гонеше и сѐ повеќе грабев од стапалките на оние што трчаа пред мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ко стапалка во длабок снег ми се отпечатува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се гледаше низ тревата, но нозете им шлапкаа и им пропаѓаше речиси целата стапалка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе му ја гледам стапалката во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Било попусто, секогаш се спуштале од планините посрамени и со крвави стапалки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа оди напред, а јас мислам дека цела земја оди по неа. Погледот ѝ паѓа пред врвот од чевлињата. Им прави место на чекорите, на стапалките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не почнуваат од нашите стапалки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше во стапалките, што ги оставаше ти со твоите оппинци, секој миг готова да ти се врекне, како да си ѝ го утепал татка ѝ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа траеше доста кусо, колку четири здива, или колку четири волчи соништа, а после, наеднаш, оној маѓепсничар пак ја покрена својата волшебна прачка и дивинките го разбија својот застојан синџир и сега зедоа да ги душкаат сите негови стапалки по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе