старее несв.
стареење ср.

старее (несв.)

Нејзините домашни сѐ помалку ѝ беа од помош; старите старееја, а браќата и сестрите ги зафати бранот на градскиот успех па си ја гледаа работата и живеачката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ме болат табаните Од вашата немилосрдност, Мили мои, Во намерата Да ги сечете гранките И да ги плетете како години Под чија тежина Старееме.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Тој ден мора да дојде. Човекот не може да продолжи да старее бесконечно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зошто ми префрлаш дека сум стар, нели сме деца на јазикот и нели јазикот никогаш не старее?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ланските се повторија годинава, годинашниве ќе се повторат в година, на земјата ништо не се менуваше, освен старите што умираа, младите старееја, нови се раѓаа да поминат по истиот пат по којшто поминале нивните предци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Градот се менува а ти старееш, тажен си што не си се прилагодил на тупси-тупси кафаните, бронзените лавови и барокните мостови, и што веќе немаш храброст ни да се иселиш.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А потоа, што е поважно од сѐ, таа побрзо старее од мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Забележа дека во последно време татко ѝ нагло старее.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Старееше. Иако велеа дека изгледа десет години помлада. Чувствуваше како старее. Оттаму и нервозата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Последниве години се успокои од тоа. Му се гледаше дека е така добро да си живеат и да си стареат двајцата еден покрај друг, во оваа мирна куќарка скриена меѓу дрвјата во големата бавча, две свеќи во тиха црква што си горат и ќе догорат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Уморни очи, скржави солзи, рамнодушни погледи и ладни чувства, како стареат луѓето се навикнуваат на рамнодушноста, стануваат кербери, фанариоти, чувстваат константна неудобност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мајкината љубов никогаш не старееше, таа постојано се обновуваше, од за нас непознати и неоткриени извори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ветриштата, некогаш млади и диви, старееја и се смируваа, а облаците на небото, раскинати и расфрлани, беа оставени самите да скитаат низ празната белина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
IX Илко како што старееше сѐ повеќе се подгрбавуваше, се превиткуваше, одеше со главата надолу.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Шуќур што некој го барал Вилкабамба, па набасал на Мачу Пикчу, до највисоката тајна на Инките - да му се скамени среќата, да му се скамени компасот, да му се скамени и кондорот, и сликата на планината, да му се скаменат ќе да е и пехарите за вино, да му се скамени и перницата да не може главата да ја пика во неа па да му се потат соништата, баш најубавите, да му се скамени и времето како врховен доказ дека светот престорен во камен ниту старее ниту грдее.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ако е сама, и таа ќе копнее, не како него, лошо и налудничаво, зашто тој старее а таа има седумнаесет години, ќе копнее убаво и жаловито како ластовица, и не за некого, зашто нема приличен пред нејзината младост, а така сама од себе дека е толку чудно убава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога авторот ги препрочита редовите што се однесуваат на неговата средовечна помама, кога увиде колку се исцедени од романтично видување на една жена, си рече, Старееш, старееш, авторе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се чинеше, во тој миг, чичкото Лентеноски како да старееше за илјада години наеднаш неповратно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од владеењето на Бургиба длабоко навлезен во деветата деценија на животот стануваше јасно дека тој не беше исклучок на вистината дека нема тиранин кој признава дека старее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе