старица ж.

старица (ж.)

Тука од сите заборавено живееше едно мошне сиромашно семејство: старец и старица, со козле, децата одамна им беа на печалба, ни трага ни глас од нив со години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од кралската палата глас се слушна Кралот старицата силно ја гушна Добре дојде мајко стара Малиот принц тебе ми те бара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Старицата се насмевна слатко Немој кралу, ти ќе станеш татко Твојата кралица дете ќе ти роди Принцот на бел коњ низ светот ќе оди.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Од врата излегуваше како фурија, а старицата мавташе по него со ќесето со сендвичот полн со марула.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа е старица со црвено лице и со две месести брадавици: на слепоочницата и кај носот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го видов како падна врз најскриената соба, позади амбарите полни со жито, па ги погоди трепките, желни за уште сон, на прабаба ми, на најизмачената старица...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
XIII Најпосле го чинам пресудниот чекор. Го минувам прагот на Атеистичкиот музеј, единствен од таков вид во светот, следен од зборовите на една белокоса старица: „Да даде Господ да ни живее вечно Партијата!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А таа старица седеше со ќерката во наша близина и исто, некојпат весело гровташе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но околу полноќ пак се вратија полицајците и во затворен воен камион ја кренаа и протераа од целото гратче саканата и почитувана старица...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старицата не ја интересира вревата во дворот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нема ништо живо, освен селската чешма и две старици, забрадени со црни шамии до очите и наведнати над водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излегувам пред нив и едната старица ја остава работата, што се вели, и ми се пушта да ме тепа, да ме удира по гради.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Старицата набрзина се прекрсти и замина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеше убаво да ги уочи подготвените улоги, дури и кај членовите на семејството, да извлечат што повеќе од старицата од другата страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прочитав кај Шимборска дека животот трае Неколку знаци со нокот оставени на песокта Ако побарав од спомнатата старица со бел кок Мислење за ова банално прашање Веројатно ќе изјавеше: Мојот живот уште не почнал!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ја прегрнува со големите рачишта подгрбавената старица и мрмори некоја благодарност.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Видов како се скина торбата што ја носеше една старица, и јаболката испаднаа од неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги мијат коските двете старици, ги бришат и тажат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лицата од луѓето час се развласуваа во светлината, (небаре грутки шеќер пуштени во чиста вода), а час стануваа јасно пристемнети од тажниот поглед со кој ја испраќаа старицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе