стварност ж.

стварност (ж.)

О, бесрамна нека ми биде беседата нека биде вечен нескладот меѓу изгледот и суштината постојат волшебни приказни во коишто сѐ е налик на стварноста во коишто нема ништо што би можела да го објаснам ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И токму ова залажување и самозалажување беше и е основната причина да не се види стварноста онаква каква што е и да не се преземат чекори за нејзино менување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој чип, тој лост во човекот е преземен од духовната супстанца што е содржана во универзумот, во стварноста, во земјата на која луѓето живеат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Додека јас не можам да сфатам што е тоа може да предизвикува потсмев во друштвото во кое се наоѓам, луминозноста на мојата стварност како да секна за еден кус миг во кој нешто се случи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа разлика почива на инхерентното значење на состојбата на необичната стварност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сам себеси биди си и илузија и стварност; и промисла и надеж.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога и да се обиде да ја прикаже стварноста или она што би можеле да го наречеме натурализам, филмот е осуден на пропаст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Спретен психоделичен човек научил да се движи низ тие стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Според нив дишењето е непрекинато општење на внатрешниот и надворешниот свет, невидлива комуникација помеѓу објективната и субјективната стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таквите примери сведочат за преобразбата на стварноста во една виша вистинитост, и ја оправдуваат демијуршката улога на поетот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се сведува ли сета стварност на човека во обична илузија? Не се ништи ли вистината со невистина?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
2. Долниот свет Не оти сме слепци туку од што сме се одвикнале да гледаме блиску пред себе невешто се движиме со стап вперен напред и пипкаме: да не би да наидеме на змија, мудро немушта да не би да најдеме габа, солза радосница оти со години гледајќи далеку ни отапеа сетилата за светот тукашен па само некоја разорена и во мислите насетена ко привидение, стварност се тетерави без престан и бдее од страв да не исчезне ако се успие!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Стварноста постои во човековиот ум и никаде повеќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие можеа да бидат наведени да го прифатат и најочигледното извртување на стварноста затоа што никогаш не ја сфатиле огромноста на она што се бараше од нив и не беа доволно заинтересирани за јавните настани за да разберат што се случува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потем се соземам несвесно се враќам со временската машина во виртуелната стварност и продолжувам да си играм да се занесувам оти како инаку ќе преживеам Мамо - не знам!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можам да си замислам како си ги вадам сеќавањата од зад уво и одеднаш пред моите очи излегува бифокален објектив (што зголемува и што намалува) и во долниот дел ја гледам моменталната виртуална стварност, а во горниот моите електронски спомени од минатото (се работи за виртуален теле-микроскоп и во продолжение ќе зборуваме за виртуалните објекти).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе