стега (несв.)
А може и да нѐ видат, велам и ја стегам устата, го туркам со рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Не можам, Снежана цврсто ме стега. - воздивна куклата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тој зеде в раце оружја огнодишни, а в уста стегајки остар јатаган.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Фимка оди пред себе, во пазувите со обете раце го стега букленцето. чиниш на градите носи доенче.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тихо е и лежи тежина врз темето и грлото го стега сувото попладне.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Женски ценовник Колку вреди една нога ако две во денот поминуваат 5000 чекори, вешто сокривајќи ги отоците на зглобовите со чорап која стега повеќе од лонгета?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Признај, зарем не ми порача дека љубовта е прекрасен оглав кој колку и да нѐ стега со задоволство дозволуваме да нѐ води?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со испотената рака уште повеќе ја стега раката од татка си.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Обрачот ќе се стега додека не се ликвидира и последниот бунтовник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тагата и болката како студени клешти ги стегаа човечките срца.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Тркалото ни ги потфати нозете и нѐ влече во себе, нѐ фрла ту ваму, ту таму, нѐ држи, нѐ стега.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа трепереше од страв и ме стегаше за раката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Колку пати само сум се стегала и не сум смеела да излезам, главата да ја покажам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После сите ми стегаат рака и со чудење ме гледаат во мевот, кренат до под гуша.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гладот и безработицата насекаде ја стегаа својата јамка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа беше врева од која се стегаа забите и се крева косата на тилот. Омразата почнуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)