стежнува (несв.)
Како што болеста сѐ повеќе му стежнува и го истоштува, така сѐ повеќе запаѓа во соништа што го измачуваат: шета на улиците на Виена; воздухот му носи опојни мириси на леандер, орхидеја, зумбул, рузмарин.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Испрекинато липање стегнува грло. Стежнува болката, гори и копа та раскопува споменот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Планино од морници сета пак стежнува бессилно тишината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сега северњакот дува посилно и стежнува снегот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се мачи да се одлепи, невината, го поткрева главчето, прпелка со крилцата, и секој обид одново да погледа кон сонцето - е нова казна: стежнува нејзиното тело, сѐ подлабоко и побезнадежно само се заробува во смолата...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Гледав како таа оди лево-десно, но Симон не осеќаше дека стежнува и дека се фатила риба. Ми изгледаше отсутен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Навистина има шармантно лице овој Левантинец од германски род, си помислува Мертен и станува да ги остави домаќините да го издискутираат неговиот смел предлог. На средбата наредниот ден му приговараат дека сумата ги надминува економските можности на еврејското население. Доктор Максимилијан Мертен дава впечаток дека длабоко размислива, создавајаќи замолк кој трае толку долго што стежнува во просторијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Секоја мисли дека е за неа и секоја стежнува срце пред да ја удри болката.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потоа, го стега грч, му стежнува, го тера на повраќање. Одвај се додржува.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)