стемни (св.)
Џипот дојде кога веќе беше стемнато.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе почекаме да се стемни и ќе им ги пуштиме куририте што ја познаваат шумата за да ги преведат преку граница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
И пак ќе се стемни и пак ќе ме викнат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Може на сред пат да ме стемне да се истурам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не ќе се најде ли некој, што ќе го пречека нанишан некоја вечер, без многу да му ја мисли што може да му се случи после, некој, кому ќе му биде и премногу стемнето пред очите, за да не може ни да се обѕрне на тоа; да му биде сосема сеедно тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чудно ми е дека не ме запрашува зошто олку сум се задоцнил, не ме кара дека веќе се стемнило.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А кој и да се смилува гледајќи ме ваква стемнета со малечко во рацете и со огромно куче крај себе!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ги држеа така дури се стемни.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во прво време мракот ме тераше да се враќам во одајчето, потоа дојдоа ветровите и студот, ама додека не се стемнеше не се прибирав.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И се плашеше секој прокоба некоја да не го стемни И фатен да гледа како го спепелува месечијната И во смил како го престорува: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво, Се на смил и на гороцвет што личи – ќе управува.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Ноќта се стемни со месечина, а езерото заблескоти како огледало во кое уште што не можеш да се огледаш.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога ќе се стемни, можеш и од под куќа да им го наслушуваш чешањето на луѓето. 78
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ама.. Пеколно е добар начинот на кој ме управуваш кога ќе се стемни. Убав е начинот на кој се смееш.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
И чекам да се стемни, со душа чекам да се стемни, да си одат сватовите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)