стеснува несв.
стеснување ср.

стеснува (несв.)

Гранките се наведнуваат крај мене, ме дрпаат за алиштата и ме стеснуваат од мишките надолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што почнуваа да се донесуваат првите прописи со кои им се стеснуваат граѓанските права на Евреите, така и нему почнуваа да му се јавуваат негови пријатели, некои со кои и студирал заедно на универзитетот, тогаш немајќи ни елементарен поим дека се со еврејски происход.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но не беше глатко и едноставно, зашто над четириесет години стегав и стеснував, а сега требаше да проширувам, според правилата на прозата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По крајбрежјето се распростираат широки булевари, улици и плоштади кои, на височините на градот, се стеснуваат и се трансформираат во сокачиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паун Радевски само го преграбува шишето и ги стеснува зацрвенетите очиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во валчестата шуплина на буката1, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се лулаше земјата, се поткренуваа уплашени гримаси, изригнуваше пламен што темнината стрвно го голташе. Хаос се ширеше и го стеснуваше видикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вам таму во животот ви се брои и со тоа просторот ви се стеснува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Впрочем и јас, во минатото, на сонот му давав предност, иако потоа, при првото будење, па и тогаш кога будењето ќе се случеше во никое доба, не се стеснував да му се навртам на првото лапало што ќе го напалав во темнината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веднаш на авторот му направија впечаток неговите оврлени костенлови-сиви очи, разиграни, како да беше со двојно поголем видокруг, со издолжено лице што кон брадата му се стеснуваше како на лисица и, очигледно, височок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сѐ гореше, но се браневме макар што секој ден ни се стеснуваше просторот и бевме сѐ помалку...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во валчестата шуплина на буката, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
При секое издишување, боксот ми се стеснува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земјата се стеснувала, завршувала, од сите страни ја стискала магла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тапата болка во стомакот постојано беше присутна, само што повремено се намалуваше, а повремено се зголемуваше, додека неговите мисли, во зависност од тоа, се прошируваа или се стеснуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му правевме место на гостинот а тој, претпазливо спуштајќи го петлето на пушката, нѐ стеснува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не се стеснуваше со него да зборува нашински; потоа, офицерот речиси не знаеше да ветува; ништо не тврдеше; а и вербата негова во некоја божемна праведност одамна беше начната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе