стипса ж.

стипса (ж.)

Женичката пак ми дава знаци да си ставам стипса, што се вели, суста на уста. Катанец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие кожи што беа за гајди, таргачи, мешини, ги сушеше така цели, превртени од внатрешната страна, а оние што беа за опинци, постеќии или ремења, ги распоруваше, ги оптегнуваше со клинци на чардакот и ги премачкуваше со ќуќур, стипса, сол, или со сок од билките чуен и ноктец.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можете да зборите за солидарност, а да ги држите шупците затворени ко најгрозни стипси, упорно гребејќи се за по некој долар и марка!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А тој токму тоа и го чека: „Зар толку, кутри критјанине, си бил стипса?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)