стокми св.

стокми (св.)

Излегува спокојно и раскошно го огрева светот кој се труди да го стокми својот план за денот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стокмија удобен дом користејќи ги широките цврсто градени темели на куќава, што ја кренал некој од прадедовците на Томислав во времињата пред да си заминат Турците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Минуваш по ова беспаќе стокмен од моите соништа а сепак и жив и ведар.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но кога се стокмија тоа да го сторат, на вратата од куќата најдоа напишано: „Никој да не се осмелил да ја гибне куќата!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама сѐ, сѐ имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И морето и бродот стокмен од нејзините ноќни шепотења и сребрените скали на вечноста по кои слегува до нас О Таа мртва, Таа заскитана вон дните Таа жуборлива во нас и студена во каменот овде е нејзината земја и мермерот во кој молчи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како што тргнала работата, не ни останува ништо друго освен да го чекаме мигот кога тие, од некоја цврсто стокмена сцена, ќе лиферуваат лозунг: „На Македонците им е доста од седумтте уметности, сега ќе треба да се свртат кон онаа што ја прават политичките партии.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Една солза падни, друга завири се, стокми се и истркалај се на земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неколку пати се стокми да го напушти селото, да се отсели, но жената и децата не му идеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа ги стокми рачињата како за молитва и почна срдечно, молбено: - Мајко на северните езера и шуми!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Што работа дадов додека ги стокмив перденцата на прозорците, што шиење, што везење, а постелнината, бел вез винова лоза, да ја порачувам дури во Велес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги воскресна, ги оживеа и ги врати назад во Библијата, во благословената земја нивна, стокмена меѓу редовите на Светото писание, зашто на земјата немаше место за нив, зашто земјата им ја испоганиле лажните богоугодници, милениците на мракот и темнината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во мугрите портретот го стокмив, го засолнив, но не се успокоив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Многу настани од животот на семејството и од судбината, Мајка ги кажуваше низ некоја народна поговорка или низ некоја што самата ќе си ја стокмеше, без да знаеме дали е нејзина или е позајмена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што му ја мислиш, сѐ е измислено, сѐ е направено, стокмено и на свое место, само јас во безвоздушен простор, вакуум, ми фали кислород.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа нечистивиот ти го стокмил: и свадбата, и сватовите, и ората, и даровите, виното, од кое ако си голтнал, ќе те голтнело лудото и ќе било чудото што ќе те такла по сокаците да ги прибираш облаците, ќе те чекале бајарки и попови по манастирите, по чардаците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие во неа останаа такви ко што беа: пролетен повеј, стокмен убавец.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе