стократно (прил.)
Умираш симболично
повеќе пати
живееш стократно повеќе
имаш безброј животи
безброј ликови
и сето тоа е - природно
и нормално
и по сето тоа се будиш
наспана преродена
за да можеш да поднесеш
уште неколку стресови
сѐ до следното
паѓање во сон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Занемената гора го прифати и чиниш стократно го повтори.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)