стомачен (прид.)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
— Диши слободно, вика Никифор, пју либераменте, кос, кос, дишењето остави им го на стомачните мускули, исправено, исправено, многу влечеш на вибрато, така, така, вели, и дишењето треба да ти биде дел од музиката, не стегај ги прстите, вели, треба да допираш, како некого да будиш, вели, тонот треба сам да ти се јавува, да ти се оѕвива...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во Каиро падна во несвест заради заврзаните црева, испуканите чиреви во стомакот и запалувањето на стомачната марамица, а бидејќи болницата беше преполна, внесоа кревет во заедничкиот клозет, за еден грчки хирург да ја усере целата работа и му го зашие своето заборавено шише виски; па тогаш на реденка го исфукаа арапските болничари, а една сестра украла пеницилин, па затоа му даде инекција карбол; потоа доби трипер во газот, па еден замислен англиски доктор го клистираше со врела сулфурна киселина, а некој германски практичар на Технолошка Медицина му го извадил слепото црево со рѓосан отворач за конзерви и ножици за лим (за него теоријата за бактериите беше „чиста бесмислица“). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 23
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Извонредна е кога танцува стомачен. Таков жар, има сексипил, кога ги врти колковите и стомакот. Се вие како змија. Елегантен дух со неповторливи движења.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во ВЦ-то се задржа долго, заради стомачните проблеми, а и затоа што му беа досадни собраниските натегања.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)