стомаче (ср.)
Ги држеше палците во џебовите на елекот и удираше со осум прсти по стомачето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Нема мојот син за повисока цена да ја јаде истата ужинка, а потоа да ми вели дека го болело стомачето. Кутрото дете.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Спротивно на тоа, Стомачето многу успешно ме шармираше со вербализација и интелект.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со неа мислењето го делеше и Лима, која посебно се изначуди од каде па јас во врска со Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Попатно поминувавме покрај болницата во која работеше мајка му на стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Занемев додека слушав. Не дека беше тоа нешто неочекувано од Стомачето, но иако толку добро го знаев секогаш успеваше дополнително да ме изненади со своите каприциозни постапки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Седеше склупчен на креветот со нозете поставени како Турчин, а Стомачето смешно му се заоблуваше.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Милосрдните сестри водеа сметка да имаат за јадење секогаш, стомачињата да им бидат полни, а мислата чиста.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се сеќавам, Стомачето во многу моменти од здодевност сакаше да ме предизвика.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не дека детето се пожали некогаш, нему му беше битно да го наполни стомачето и ништо друго, а таа сакаше работите да тргнат на подобро и да се вратат во она друго време, кога можеа да избираат меѓу два вида паштетка или крем.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со Стомачето почнав интересен дијалог, во кој постојано се насетуваше некоја борба. Тоа беше обострано шармирање.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Стомачето ме усреќи со две мечиња што седеа на едно големо црвено срце.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сите тројца ги имаат истите движења на телото, насмевката и погледот. Долгите нозе, истуреното стомаче.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Розева кошула, сиво сако, фармерки, патики и, неизоставен дел, стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Стомачето, исто така, се зачуди на мојата реакција, веројатно и тој мислеше дека одвај чекам некој од пејачите да ми пријде, а зошто, за да бидам нивна евтина играчка, не благодарам, имам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Уште во првата моја овдешна екскурзија, Стомачето почна да се ангажира да ми најде работа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Стомачето седеше на столот речиси цела вечер, а јас играв.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Комуникацијата со Стомачето на почетокот беше оскудна сѐ до моментот кога тој ме нападна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Стомачето ми се јави само еднаш во текот на тој ден.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)