стомна (ж.)
Оставија рогузина, покривач, стомна за вода, чинија за јадење, две лажици и облеката што ја носеа на себе.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Само малку ќе се потпреш на рачката од мотиката и ќе ја кренеш стомната.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Би ја дал целата торба сосе сите пљачки за една стомна изворска вода.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Стари, вудвосани жени од селото приоѓаат со стомни и ѓумови. Носат вода.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Спроти леглото на Арсо беше ставен уште еден одар со сламарник и перница и нова поголема стомна до одарот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Повремено измеќарот оди кај аргатите и им носи вода во стомните за да не доаѓаат тие под сенката и да не се губи време во преидување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го виделе како вади ченкушка од голема стомна и пие ракија не криејќи се од другите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бојан го грабна стомнето што го беше донел од колибата, а Денко ги зеде двата термоса што археолозите секогаш ги носеа со себе, па се стрчаа по патеката што се спушташе кон стубелот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ама и водата од стомнето ти ја пие сонцето. Си ја делиш со него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А потоа црешата повеќе не беше стомна.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Молкум ми ја подаде стомната загледана во мене како да сум игла низ која треба да се спровре конец и со која треба да се закрпат сите пукнатини на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се цедиш ко јажица извадена од топило. И само се обѕрнуваш кон стомнето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ме мачат така соништата и не ми оставаат ни мирна ноќ, ни мирен ден. Ќе станам, ќе земам стомне од водникот и ќе се измијам образ.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И откако ќе ги надуе образите и откако ќе ја оддели устата од устинката на стомнето ќе кликне: - Овие не пуштаат душа, а камо ли вода!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А човекот со хармониката, спечен и со удови на инсект, се виткаше и пиеше вино со затворени очи додека еден младинец му ја држеше стомната на уста, куц, тој со години подвижноста ја пренесувал во колковите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сум била и јас несилка, сиот овој грагор, сите овие наредени стомнина што спијат, сум ги износила и сум ги снесла.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Велика се разбудува и носи едно стомне од бодникот меѓу врати. Ја пијам водата и водата уште в уста се вжештува и испарува. Не слегува подолу од устата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Трговецот со басма, во трампата со која станал стопан на коњот сега со име Облак, сакал да им ја покажува на своите роднини неверојатноста: во поилото на својот заграден двор исипувал од стомна вино и го поел назобаниот белец.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Паднаа стомните... се скршија а водата сребрена потече под копитата, под калта на која се лизгаа копитата на коњот, оптегнати наназад, коњот закочи во место, за да се наведне јавачот...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Потоа ги зеде стомните и ги наполни со свежа изворска вода.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)