стопли (св.)
Каде да ја најдат? Па таа цело време се крие по планињето и само ноќе поминува низ селата колку за да се најаде и да се стопли и наспие и тоа секогаш го прави скришум од народот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Понекогаш се смрзнуваме на ѕитчето и целите студени и вкочанети влегуваме внатре за да се стоплиме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И не трескај. Уште не се стоплило за да излезат змиите од под камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жените ќе ни стоплат и вода за да се замиеме, да се зачистиме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бре, Циганин и студен камен ќе стопли и ќе го развесели!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Понекогаш тој ден успеваше да ја заплисне со својата белина и да ја стопли со своите одблесоци целата Бела Долина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Дај ми малку да лизнам, вели, белки ќе ме стопли и ќе ми се развидели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И сѐ додека пред себе отвораше видик, таа се загреваше и толку се стопли, што ја откопча јаката од излитениот шинел, го олабави појасот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Првата зима печката забаботи. Се стопли куќата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Провери да не човекот од снег оживеал и се стоплил среде ден, а јас, ноќта, сум исчезнал (изѕемнал) оснежен и бел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Ти си слабо облечена, - ми зборуваше таа, прегрнувајќи ме преку рамото, како да сакаше да ме стопли.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На оганот мајката котелот, ене го клава: вода да стопли за толку саканите капнати јуначки нозе и глава ...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А Фотина мртвиот в корито беше го клала; вода го потури млака што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку жив да се искапи така.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Со милноста на песните и нас нѐ погодија во длабочината на градите, ни ја стоплија душата, та и ние срипавме и тргнавме кон нив, и без здив се прегрнавме, се слеавме и песна запеавме.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Еј, стопли вода да се искапам, ми вели Јон, па да видам уште што остана живо во куќава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)