стравува несв.
стравување ср.

стравува (несв.)

Низ некогашната вечност, бесмртната божица постојано стравуваше од осамата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Татко стравуваше дека фанатизмот на чистењето на јазиците, насилното ослободување од туѓите зборови во јазиците, еден ден би можело да се префрли и на етничкото чистење на народите, стравуваше тоа да не се случи на Балканот и да дојде до невидени братоубиствени и истребувачки војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некои велеа дека од неа стравувале и козите и јарињата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вистински стравував дека може да ми ја отмат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Особено стравуваш тоа да не биде твојот 'рбет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа постојано стравуваше јагулите да не се заплеткаат премногу во татковиот живот и на семејството. Тоа не би било добро!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ѓорѓија стравуваше од последново и јадеше со голема внимателност, пребледувајќи ако му паднеше малку путер на љубениот чаршаф.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Извадете ги темнината и бесот од срцето, зашто ве прават страотен, та и децата од вас ќе стравуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но тој не стравуваше за живот и имот, него го мачеше мислата, што на моменти се претвораше скоро во извесност, дека војната ќе ги пресече патиштата меѓу него и неговото девојче, и дека никогаш веќе нема да го види.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но обајцата ќе бидат во искушение да побараат имунитет и ќе стравуваат дека другиот ќе признае.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние сме на Балканот. Ние овде стравуваме од терористичките упади на нашите заколнати непријатели меѓу кои има и наши пребегани емигранти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеби тие слики и не висеа на ѕидовите, туку висеа во мене, во моите очи, во моите слепоочници, а јас ги лепев по ѕидовите, го збогатував друштвото на ѕвероглавите и стравував, стравував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, Игор Лозински, беше, како биолог и медицинар, картезијански внесен во проуџбите на живите организми во Езерото и реката, па Татко стравуваше да му ги изнесе до крај своите сознајби, за тој да не го есапи за занесен лаик.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Постојано стравуваше во тие времиња да не му ја откријат и уништат библиотеката, најсилната тврдина на мистериите на тишината, во која посебно место имаше надежта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Покрај тоа, стравуваше дека ако продолжи да инсистира на своето несогласување, О'Брајан одново ќе го вклучи бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стравуваше Татко, кој беше навлегол длабоко во балканската историја, со својот живот и со своите потраги, да не ја релативизира опасноста од натамошното постоење на јаничар, овој, според него, најопасен збор не само на Балканот туку и на светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, не само политичарите се тие што стравуваат оти пукаат со ќорци во масата народ, туку во таква расположба се и некои чинители на уметничкиот израз.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас сум пак таму меѓу зградите на „Нова Македонија“ и стравувам дека секој час можат да ми излезат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе