страница ж.

страница (ж.)

- Не можам. Дотука е. Глувците ги изгризале последните страници.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега можам да напишам илјади нови страници, но ќе го нема среќното лице на кое му се наменети.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас сето тоа го слушав и ги држев колената на татка и се вовлекував во неговиот скут опседнат од приказната што лакомо ја прибирав и запишував на белите страници на мојата детска душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во лавиринтската тепсија на баклавата ќе бидат запишани многу горчливи страници на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во големиот врзоп записи речиси секоја страница била некогашен празник, потрага по неколкуте рајски мигови на одложеното откритие на бараната порака во непознатите страници на книгите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но само откако ја прочитав книгата јас ја погледнав последната страница од корицата во која се прецизираше дека оваа извонредна авантура се случувала во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа беше апсурдно, зашто испишувањето на тие зборови не беше поопасно од самиот чин на пишувањето на дневникот; но за миг беше речиси готов да ги откине упропастените страници и сосем да се откаже од проектот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така е и со враќањето од туѓина, свртената страница си останува свртена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Капитулацијата на Бугарија отворила нова страница во известувањата на американскиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба да знаеш, добро да знаеш кога да ја свртиш страницата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затворените страници од долапот на тајните почнаа да се отвораат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Требаше да биде напишана страница која ќе ги зближува луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само неговата балканска оставина содржи седум илјади страници во седум томови, на којашто ѝ посветил дваесет години од својот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
По новонастанатата состојба со окупацијата на Кралството Југославија, на страниците на американскиот печат се појавиле и написи во кои јавноста се запознавала со етнографските и географските карактеристики на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А колку лесно пишував тогаш семожни предолги дипломатски депеши и извештаи кои, сите заедно, денес не вредат речиси ниту една страница од писмо напишано од Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бев посебно пленет од страниците на овој филозоф кој ја беше промислил суштината на излезот од балканското варварство!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе