страшило (ср.)
3. Страшило од корени од жед и од глуварки со лелек од шупливи гради на мртво стебло Ноќта ги негува тешките црни молчења во невидливите градини каде студенее летото Ниту една планина во мојот говор додека се враќам во домот на претците.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сешто може да ти текне на враќање: и дека владетел на планините е она страшило од птица, плус змија ѕвечарка и дива мачка, кое што те посматра со ледените камени очи уште од првата ти стапка по Светлата патека.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Подоцна се знаело дека бегале од чумата, од тоа вековно страшило на човештвото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Своерачно, со стрпливост на виден мајстор потонат во уживање, забуцал по нивите неколку страшила од партали и ланска слама.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Аргир ненадејно замолча, се стресна уплашено, како некое страшило да излезе тој момент од ноќта и застана пред него.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Давав отпор, плачев, ги удирав и ги гребев страшилата пред мене, додека лицето не ми се облеа со крв, додека не ми се затворија очите од отоци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Второ, зашто и самиот сум во поезија на фрустриран бегалец, прогонет од вистинските и вообразени страшила од стварноста.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Авети, страшила кои никогаш не ѝ даваа мир... Тој залудно ја преколнуваше...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И особено тие, дечиштата градски. Се смеат и бегаат од него како од страшило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Граѓани и граѓанки, вчерашни рудари и днешени голтари, питоми страшила во бедна состојба...
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пат, гробови, на врвовите на дрвените крстови покојнички шубари - линија на сенишен појас со страшила за сеништа. До кога?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Војска? Ха! Тоа беше матна дождовница од испиени, на прв поглед безоблични луѓе, колона гробнички шинели, разнишан ред страшила, глупаво и ненужно развлечен синџир од чудни шушкави алки. Тоа беше почеток и крај.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Остана само ова страшило за чавки. Ветер, ветер...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ги виде во модрите ниви голите страшила, нивните очи полни со страшна празнина и рече - попе - не - попе, душата ти е празна а можеше на неа на три ката да ја сместиш малата Јана.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога бев близу до забестото страшило, ја подадов гранката и реков: - Ајде, зини...
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
ФЕЗЛИЕВ: Драги мој, вдени го Лукова в појас и не вади го како страшило кога разговараш со мене.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)