стрелиште (ср.)
А оној што сака да носи воздушна пушка, што сака да стрела со неа, нека оди на стрелиште, место предвидено и уредено за тоа.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Има и други места со такви стрелишта на кои се играат игри со слични вештини но овде не се цел глинени гулаби иако безнадежно се распрснува и овде но не глината туку човечкиот здив кога среде чекор ќе го втаса зрното.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)