стрм (прид.)

Автомобилот тешко се пробиваше кон стрмата угорнина низ кривулестиот пат кој бил трасиран уште во времето на италијанската окупација со крајна цел во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се свртија кон моќниот стрм врв кон северозапад и ги заковаа погледите за неговото моќно, сиво тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Кажуваат дека таа клисура на Вардар е чудо божје, а тие високи и стрми карпи се седела само за орли.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Земјата растлеана жива пуза, отворена гладна уста со стрми суводолици, со реки од прав и пепел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оти не знаат дека кај Танаско и Пена се оди од левата страна по самиот стрм брег што не пружа голема сигурност, тие влегуваат во разејнатата уста и долго не можат да се снајдат во темницата, тропајќи на случајно надрабаните врати или на оние што ги откриваше некоја слаба светлинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Високиот стрм пат по кој се оди кон Салцбург, се искачува на планинските врвови и како некој лента виси некаде во атмосферата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беше стрм сокак а јас слегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Нем“, се инаетеше Миклош, ама се ѕвереше без здив во високите, стрми карпи, намигнувајќи му ѓаволесто на гавазот што каскаше прибрано покрај нив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)