строг (прид.)
На вратата пред дворот ме пречека сува жена со строга лисичја муцка, темно лице слично на земја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
НЕФОРМАЛЕН Не користам шаблон строг и мразам хаику со слог отидов да читам некролог
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Како што течеа работите нашата врска се продлабочуваше, иако бев многу претпазлива и непопустлива и водев строга стратегија за да се уверам дека навистина, негативното влијание во нашата врска било поради таа таканаречена магија.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Нивната безгрижност се косеше со строгиот закон кој ѝ се додворуваше на Европската Унија толерирајќи ги само оригиналите, кои чинеа четвртина од просечната плата на македонскиот работник.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Строгата посебност на творечкиот израз во сите уметнички области – издели: „музичко писмо“, „ликовно писмо“, „филмско писмо“, „поетско писмо“...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Јас некого запамтив, па дури и сега гледам смеа и подбив во некои очи и нека бидат сигурни дека ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки, а можеби, дури и многу строги.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нашите застрашени детски очи беа управени кон човекот со долго црно кожено палто и со долги мустаќи, кои му даваа строг израз, дури и кога на лицето ќе се појавеше здржана насмевка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Знаеш, миличок, тој не беше од оние посрани интелектуалци Нес Мееш, кои по искуството со болната тупаница, постојано се пипкаат по стомакот да не им се прекине лигавата папочна врска со строгата Мајка Татковина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Барањето не беше строга наредба, ама и не требаше туку така да се отфрли.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Математички изразено, нејзината ефикасност изнесува 98 отсто објаснуваше тој со строг службен тон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Стварно не ми е јасно зашто ги продаваат нивите у село и даваат по 100 000 еура за трособен стан у строг центар да се потат на 75 степена и да пијат кафе за 100 денара.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Татко ми ги насетуваше строгите мерки.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Строгите линии на неговото лице се накршија и низ возбудливото занесно шепотење прстите на оптегнатите раце фаќаа во просатранството нешто необично, меко, нежно, податливо...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таксистот го остави во строгиот центар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Погледна пред себе како да му е потребно тоа за да го припреми своето противење, но кога пак го сретна строгиот, беспоговорен поглед на човекот во сина облека, без да рече што било, си ја голтна плунката и без волја застана зад двајцата селани.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Впрочем, си рече, малку суета и суеверие со строго личен карактер никому не може да му пречи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Шифрантот Иваз го впери погледот кон моето ливче и со строг израз на лицето ме праша: - Каде го запишувавте на ова ливче?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа тој одеднаш пак стана строг и им нареди на своите морнари да се повлечат во кабините.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Прилепскиот затвор се одликуваше со својата строга дисциплина но и правичност.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Грнчарот одеше по строгите патеки што ја поврзуваа работилницата со придодадени ниски ложи и нешто постојано објаснуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)