стрчне (св.)
Коле стрчна на чело и ни даде знак да се построиме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Овој стрчна и зграби неколку жени и деца.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Скокна и жена му исплашена од постелата, и стрчнаа обајцата надвор; надвор ветерот почна да ги турка опсипувајќи ги со дожд и со водата од брановите што се кршеа од ѕидот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа се стрчна назад и ги повлече и другите пци да тргнат по него.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш некој Јане Крстин се стрчнал и застанал помеѓу нив со дигнати раце, послаб од обајцата но не со помалку крв во очите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во тие мигови ме обземаше очај, во толкава мера што ми доаѓаше да се вратам, да го заобиколам Шумшул –град и да се стрчнам кон Пупипафија, во која, речиси до вчера, живеев безгрижно.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
По него стрчна и син му Бузо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се стрчна напред и кога го слушна стариот, ѝ стана јасно дека за него плачат машките.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Скрез офна така силно, што Цанул се исплаши, ја фрли вилата и избега; Цанулица замалена од страв, стрчна кон Скрез, му ја извади забуцаната вила и му ја изврза раната со шамија за да му ја запре крвта што бликаше на сите страни; го одврза коњот, му помогна да се качи и тргнаа в град на болница.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дајреџијата се стрчна. Се почувствува лесен како повеј...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стивенс стрчна за да ѝ го препречи патот, но таа навлезе во честакот, му се скри од очите шумејќи низ гранките при бегањето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И да се стрчнел не ќе можел да ја стаса девојката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не му реков ништо. Го погледнав само, и му реков: „Еби се со таа песна“. И потем стрчнав по скалите, надолу, кон дома.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стрчни се, Јоне, па ако е тоа, доведи го ваму, лебати. Само со дикат ...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)