студено прил.
студен прид.

студено (прил.)

Надвор е студено. Стаклата на прозорците се покриени со иње. Бели се и преку нив ништо не може да се види надвор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Надвор врне, студено е.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но студено им е па брзаат дома и ги зафаќаат своите места крај прозорците.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во неговиот стан под керамидата беше влажно и студено и затоа често настинуваше и боледуваше де од кијавица, де од грип или од некоја друга болест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Господи, колку е студено. Би сакал сега да сум во дворецот.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Веќе е студено во собата а и печката е оладена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На каменот му е студено само од змијата. Ние гракаме и загазуваме во реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше студено, но мене ми се чинеше дека нешто испарува во таа темна просторија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога започнува да копа под неа и главата му се наклонува и притисокот во градите студено се разнесува во неговата внатрешност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но во студено време, кога запалив трески да се греам, ме открија и ме викнаа во управата на гробиштата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа августовско утро во Прага чистачите на улиците среќни и весели си посакаа нешто убаво за себе и за своите најмили: едни посакаа да има повеќе пари за пиво, други посакаа пивото да биде студено, трети посакаа децата да им летуваат на Јадран.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Беше студено твоите врели солзи ги печеа врвовите на моите прсти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само во мене е студено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Надвор беше студено и месечината светеше. По небото пловеа облаци.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Навистина надвор беше студено, тивко и мрачно но никаква миризма на снег не се чувствуваше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Коските му чкртаа. Над неговата глава студено блескаа ѕвезди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се одвезовме на Бондаи Беј одбравме место на ресторанската тераса и нарачавме некакви ќебапчиња од морски животинки и, се разбира, по едно студено пиво.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Студено гледа оттаму човек во мундир и со фес на неврастично и жолчно бледо лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Свиткан на клопче, во полноќта, тој чувствуваше дека му е студено, а не беше во состојба да го подигне ќебето, паднато на земја и да се покрие.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше студено, со ниски температури и снег. Цела Источна Европа беше на велесаемот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе