стутка (св.)
Пациентите на лекарот мораа да се стуткаат додека минуваа низ тесниот премин кон аголот каде што се наоѓаше неговата маса, а до неа и сплесканата софа за преглед прекриена со кожа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се стутка и ја повлече кон себе челичната врата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И затоа, не облекувај туѓи чевли или ќе ти ги стуткаат прстите на нозете и плускавци ќе ти се наредат по петиците, па кога ќе ти пукаат, сите ќе ја видат крвта што ти капе од меурите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Потоа го извади од пластичното кесе блокот со зелена хартија, го стави на работната маса, внимателно ги стутка пластичните кеси и ги фрли во кошницата за отпадоци, а потоа седна како да ќе пишува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како да клепнале пресилно од големата болка и веѓите се наведнале, се надвиснале, се стуткале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Попладнето - марш на ново одредиште. Во земјанката прибрани и стуткани еден до друг, потпрени на замрзнатите ѕидови од кои се цеди вода, гледаат во малиот жив оган.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И дека наместо тој да ја стутка неа, таа успеала да го подврзе него?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Неговите сиви алишта не изгледаа веќе нови, беа стуткани и искапани, со искинати копчиња и распарани во рамениците.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не стаса да ја изусти и последната желба: да го стуткаат некако во винско шише и да го пуштат да се изнаплови по морињата, барем така еднаш да види море.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Некои, што израснаа подоцна, со големината ги надминаа постарите, а некои на самиот почеток се исушија, иако таа не можеше да се види дури и по неколку дена, кога тие се стуткаа и паднаа од ластунката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ќе го земам вашиот свет, ќе ги испразнам водите, ќе ги ставам планините на нивно место, Еверест во Пацифик, ќе го стуткам заедно со сета флора, фауна, народи и народности и ќе го отфрлам меѓу два прста како мрсул.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Треба да помине време за да се почувствува нивното дејство“, соопшти уште една од своите мрачни размисли и го стутка догорчето во пепелникот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Итрите солунски трговци се надмудруваат, како да ги привлечат муштериите, и да им стуткаат стока во рацете, по „багателни“ цени.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да и а стуткам јас ваа со бабата Бисера, па нека се чеша она до чешање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бидејќи ѝ достуде, пак се стутка во топлата прегратка на немирката Маја.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Конечно, ѝ го предадоа; таа го отвори, го прочита и се вцрви толку што мислевме дека ќе падне во несвест; се сврте околу, погледна низ целиот клас, и мене ми се стори дека особено долго гледа во мене и Земанек; потем одеднаш побледе, стана, го стутка ливчето под блузата и побара од класниот да излезе надвор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А на лицата на луѓето стуткани во колата имаше нешто што го наведе на длабок молк.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Си се стуткал тука се тресеш како вдо… распуштеница. Мајтап си играат со тебе.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)