сугарче (ср.)
Накачил еднаш црна Арапина, накачил горе трло Ѓурчиново: „Дајте, овчари, јагне печено, јагне печено, уште сугарче, пресна погача од невеста месена, вино црвено од три години, лута ракија - препеченица“. Овчари кротки сѐ му дадое.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Родителите одамна ѝ биле починати, со болка во душата што никогаш не го виделе своето сугарче, оставено на брегот од Езерото, како невеста, за со неа да си поврзат две времиња, времето на заминувањето и на враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)