судба ж.

судба (ж.)

Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И дека длапките на дланките не се спомени туку нашата судба.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Расневме заедно, заедно крадевме вишни и иста судба секогаш имавме ние.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Мислам, по ова негово последно искуство, за кое не забораваше да напомене дека било премереже поттикнато од маглите на судбата, како да ја кладе под себе својата живеачка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На нимфите сенките на амор морите вршат околу судбата- наречјето блудно дејствие ведра трагика околу мене сенките околу мене морите наречјата, пророците - мене пороците.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На местата свои јунаците гинат по долг и по судба се другари први, во смртта со усмев на усните минат, да не жугне врагот, од страв да се здрви.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Само вода може валканица да измие под млаз од доживувања нови, такви обезличени судби без име, само справедливост без аршин двоен. Еден се многу, а малку се сто.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Судбата го обеси неговиот џакет на нејзината закачалка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури и кога нема да знае, од заседа, нов талент на вратите тропа,излез креира, сопствена судба, сопствен живот, паметен човек режира.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Таа е судбата на новиот човек: Ќе расте и ќе порасте.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
После ќе гаташ над моите рецки над испрекинатата линија на судбата срочена во 64 хексаграми на енигмата а тој ќе вметнува во ребусот по некоја права, проста, прозна и позитивна цртичка. Машки синопсис!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ах, мајче, клопчето е малечко и конецот се ниже како судбата наша вчера и денес.... отпуштај конец... оддиплувај ги пожолтените листови на споменот и место молитви и блазосувања, проколнувај...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дојдов бегајќи пред зреливе плодови. Судбо на сртовите, кај ли да го засадам моето бегство?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во свои­те размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знам, о роде, ќе дочекаш слава, може и ек од судбата лош, може со болка да преклониш глава, да скриеш срце од дигнат нож.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Некое ја викаше мајка си да му помогне, друго татка си, трето деда си, баба си. Сите пиштеа отепани од судбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но жицата Кузман од животот негов ја скина: судбата таква му била!. ..
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Надмината судба во последен миг за спас.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе