суден (прид.)
Боже, зар ни е судено овдека да нѐ јавне староста, што се вели, и сите да нѐ изедначи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Берачките на хоризонтот стојат во дланките со многу знаци судни а под нив мртва сенката е моја.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тие се правдаат дека на судниот ден ќе се најдат под заштитата на истиот Бог, но кој е вистинскиот тие сепак не можат да одредат на овој свет!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
2. Кога ви велам Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се утекнува) Уште во првиот сон Да го видам доаѓањето на доселениците Кои сите до последен беа осудени На активно учество Во создавањето на новиот свет Новиот свет и новата нафака
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Луѓето повторно заборавија на Бога, се чини сѐ до новите знаменија на Судниот ден.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го проголтав последниот залак ќе ги откорнам оградите, на дијалектичко кодирање светот меѓу постоечкото и подвижното Во рушевините на новоградбата, чекорот остана зад мене Лутам по брегот од поларна капа Сахара со синџир песочен оков закотви околу мене Судниот ден небото ми го испрати, Се засолнав под стреите на реторички фигури
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Како некоја невидлива сила да им ја испитувала истрајноста, да ги награди со спокојство и негрижи до суден ден доколку дојдат до целта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што да правиш: судено ти е постојано да се надеваш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Везден одам, везден траам, везден судни маки чмаам... Глава веднам... С’лзи леам и сред лути рани тлеам.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
- Само мајка може да ме види гола, ќе вели жената, и само на судниот ден кога ќе ме капат за на гробишта, ќе вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Присебните трчаат на сите страни, ги прибираат во бараката, и така наизменично, помагајќи си, многу од нив го дочекуваат својот суден ден.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Она што ти е судено, што се вели, морало да го врвиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Поголеми кијамети немало, макар што е еден кијаметот, односно судниот ден!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ме прогони како жена блудна, ненаситна, похотна, осамена. Ме грабнува во прегратка пламена неизбежно и со сила судна.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден
па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во поодминати години тој имаше судни маки да го научи како што приближно треба македонскиот јазик од групата словенски јазици, со кодифицирана азбука и граматика малку време по неговата преселба во Македонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не знам дали тоа ќе се случи денес или многу подоцна, тоа го знае само Севишниот, но кога и да се случи, мило мое, прочитај го ова што ти го оставам како единствено наследство што можеш да го имаш од мене и пристапи ми на судниот ден како дете кое за прв пат се соочува со животот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа беше како помор, пропаст, ден суден.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)