судница ж.

судница (ж.)

Се очекуваше Татко да го изнесе своето пледоаје за судството на Балканот, во текот на владеењето на последните империи, сѐ до оваа социјалистичка судница чиј дел требаше да стане и самиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Слика тажна. Судница девет, табла за повик, чекаат сите решение на енигма, која веќе е решена, надвор од тој ходник.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во судницата одеднаш завладеа молк и во секој момент се очекуваше започнувањето на процесот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Судницата и сè во неа, минатото и патилата, се гламносуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога судот ќе казни со парична казна или ќе отстрани од судница адвокат или адвокатски приправник како полномошник, за тоа ќе ја извести Адвокатската комора на РМ (чл. 304, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мојот адвокат Стојко Руменов ја отвори папката со материјали и, распостилајќи ја на масата, под десната корица ми ја фати раката и силно ми ја притисна, сакајќи да ме врати во мигот во кој сум и да ме подготви за оној што следуваше: нејзиното влегување во судницата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во судницата од обвинетите влегов прв.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Судницата се исполни до последното место. Воздухот беше тежок.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мајка отсутно, како да беше во судница, ја крена раката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тука, во судницата, тогаш, во тој миг почувствував дека јас и Ема сме ние, и знаев дека и Ема почувствува дека таа и јас како и секогаш и тогаш, во судницата, бевме тоа – ние, кое никогаш дотогаш, додека бевме заедно, не го изговоривме така.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Во недела во осум наутро биди пред судницата. Облечи се како што треба.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Балканот, во тие бурни и неизвесни времиња, кога се разминуваа империите на фашизмот и на сталинизмот, му личеше на голема судница во која му се судеше на стариот живот, во полза на новиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)