сука (несв.)
Го гледам така, секој ден увилен, само молчи и само се сука. Стои задуман и ништо не му се работи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тепачите го накитиле со модрици но не му ја истинале крвта - ене го, сука мустаќ.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еднаш или двапати во неделата сукаше зелник и кога ќе станев, тој веќе го испекол а јас ќе го најдев уште под вршникот, топол, за да појадувам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- И од пред мене, - вели баба ми, а малку понатаму седи дедо ми крснозе, пред него мезе и пагурчето со ракија, пуши на луле од кочанка и го сука мустаќот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Првин се меси тестото, дел за подлогата, а дел се сука за покривање на вметокот, кој се состои од сосот на вареното пиле и три до четири заматени јајца.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка ѝ слушаше и потврдуваше, додавајќи нови зборови Кога ќе те засука животот ќе се нема време за безгрижни игри! Сука сукалото, нели мајко Персо?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Многу поздрави од мајка Мирјана. Ви сукала колпите со сирење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
8. ВЕСЕЛО СРЦЕ КАДЕЛА ПРЕДЕ - ах, тоа вретено жилите што ги сука! ах, тој цел век од еден миг меден! ах, таа љубов - вечно неизучена ука!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Сукаме, готвиме, пржиме за Бугарчињата, си дојдоа Србјаците и Грчулињата и немаат ниет да си одат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Која си ти? ја прашуваат и веќе ги сукаат мустаќите. Јас сум Наполинка! Смешно име, нели?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Понекогаш ако за едниот крај го фати мама и го доближи до газето на момето, тогаш не сука туку клука!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Рена под око го гледаше како брзо ги сука и потем умешно ги врзува малите парчиња памук на стапчињата од метла правејќи мали фитили, а потоа ги потопува во садчињата во кои таа пред тоа го тури маслото.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И дојденцине сукаат мустаќ околу нејзината куќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)