султански (прид.)
- Викни: да живее султанската милост!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Викни: да живее султанската милост!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Монголските коњаници ќе ги донесат буреците и баклавите на бреговите на Босфор во султанските палати.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Опколен од сите страни со злато, дијаманти, смарагди, златни султански одори, човек не може да ѝ се противстави на мислата за величината на една многувековна империја, но тоа асоцира и на една тешка судбина на рајата, која ги создавале тие богатства а умирала гладна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Има многу битки кои не се завршени во минатите времиња поради погрешните глобални и стратегиски проценки на султанската монархија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Крзнарството во Костур беше најстариот занает и само Костурчани со султански ферман имале право да бидат крзнари.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Си згрнал народ под Гоцево знаме да стресеш ропство и темен гнет в народни срца запалил пламен да фрлат јарем султански клет.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Тоа било искористено од Цариградската патријаршија за агитација пред османлиските власти барајќи укинување на Архиепископијата, претставувајќи ја пред Високата Порта како орудие на Австрија и на Рим, што на крајот резултирало со нејзиното укинување во јануари 1767 со специјално султанско ираде.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Јаничарите како и језуитите биле жестоки кон папскиот и султанскиот трон, но без нив во критични моменти тие не можеле да опстанат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Некои луѓе со часови стојат само пред султанската дијадема, со 84-каратен дијамант, сместена во една витрина, која заслепува со своите светлосни преливи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Везири, припадници на султанската свита, обземени од безумната желба и жедност за власт, сите го нашле своето место.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Откако ќе влезе во султанските трпези, ќе се шири по семејствата на царството, покрај шеесетината најпознати рецепти, ќе се создаваат, нови илјадници...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Скендербег четврт век ѝ се спротивставувал во тврдината Круја на моќната султанска војска со своите три илјади верни војници, со бунтовното албанско население.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со ум и чесност, со праведност и знаење сме се одржале и сме ја добиле довербата и на султанската власт, но и во овие времиња народот нѐ прифаќа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со своите акции Сарафов создал впечаток кај европските влади и јавноста, и одделно во другите две соседни на Македонија држави, дека сѐ што станувало во Македонија, сите подготовки на угнетениот народ за отфрлување на султанскиот јарем, се негово дело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Така скротени и нив еден ден ќе ги пуштат да им ги грабаат децата на рисјаните: зашто секоја година султанската Порта се подновуваше со јаничари.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)