суштински прид.
суштински прил.

суштински (прид.)

Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А за да го узнае таткото од суштинско значење бил, според мислењето на момчето, и оној податок што може да придонесе во разјаснување на татковството: датумот на раѓањето на момчето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е војување со ограничени цели, меѓу борци кои не можат меѓусебно да се уништат, кои немаат материјална причина за борба и кои не ги дели никаква суштинска идеолошка разлика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Календарот е од суштинско значење за проучување на хронологијата која го смета времето според регуларни поделби или периоди и ги употребува за датирање на настаните.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Работникот е должен да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Суштинската релативност на секое знаење, секоја мисла или свест не може, а и самата да не се покаже во јазикот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали се само природно сомничави или и суштински зли, дали за психологијата на масата е карактеристично дека ќе уништи секој новум, или проникливоста на масата е, всушност, инстинктивна и посилна од со разум поткрепената логика на образованите?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие добро го познаваа балканскиот менталитет во кој беше всаден синдромот на самоуништувањето, на проклетството, кога му е арно на човекот и на народот со козите, да му умре козата на соседот без длабоки, суштински причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму затоа се осеќам компетентен да говорам за алкохолот како суштинска и историско цивилизациска придобивка која се спомиња и у библијата (Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања ап. Павле) како напивка која живот значи .
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие така и треба да се сфатат, како бегло на суштинско за мене допирање на прашањето што си го поставив самиот за смелоста на млад поет на почетокот на своето творење да пее за Рацин, прашањето што си го поставувам и сега како и во сиве години во кои зад квантумот стихови и книги, но не и во нивна сенка, живееја овие стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Суштински чин на војната е уништувањето, не само на човечки животи, туку и на производите од човековиот труд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто AI и когнитивната психологија се во ист чамец Се чини дека се повторуваат сомневањата дека AI и психологијата имаат многу заедничко; и всушност, имаат однос на суштинско (и притоа во пораст) взаемно помагање и збогатување.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
8 Во периодот од независноста до 2010 година дојде со суштинско намалување на работничките права, и тоа: беше воведен отказ без отказен рок; значително се отежна остварувањето на правото на штрајк; временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една на пет години; се намали законски утврдениот годишен одмор; драстично се намали висината на еднократниот надомест при добивање испратнина, а продолжи со невоедначената казнена политика во однос на ригирозноста на казните.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова Известување – со право – тој го третира како отказ, бидејќи во суштинска смисла тоа и е.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа е суштинска црта на човековата екологија и затоа треба да биде заштитена од слепите сили што ѝ се закануваат од сите страни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но за тоа се потребни реформи! Мислам на суштински реформи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој беше од суштинско значење за да ја напишам вистинската депеша!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе