сфатлив (прид.)
Имено, кај Хајдегер, особено во неговите преводи, секогаш постои чувство дека тој трага по некој вид пред-онтолошка присутност, која, доколку ја разбиеме нашата затворена концептуална рамка, можеме на сфатлив начин да ја разбереме како (по)полнозначна отколку како културално договорена во поглед на значењето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Јазикот на поетското писмо „За разлика од музичката писменост, вели О Мандељштам, од нотното писмо на пример, поетското писмо во значаен степен престставува голема белина, отсуството на многу знаци и забелешки кои се подразбираат и кои единствено го прават текстот сфатлив и законит.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И се прашувам и потврдувам дека не ја знам главната суштина на животот кога не знам што го прави весел, сфатлив и интересен.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)