сфаќа несв.
сфаќање ср.

сфаќа (несв.)

Јас сфаќав дека тој сакал да ја гледа до себе во летните вечери облечена во тенко и онака миризлива и мека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеби би можеле да почнеме на мало, со оглас во некој провинцијален весник или ревија. Ја сфаќаш мојата идеја.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Полека почнав да сфаќам дека нема да остане ни трошка од човекот што го засакав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па не мора толку длабоко да се навлегува и сѐ да се сфаќа сериозно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ние сфаќаме дека допирањето на човечкото суштество бара многу подлабоко продирање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Големиот бран си побара заклон во песокта на времето а на ресторанската тераса доцна се сфаќа една од многу пиво се добиваат изгореници.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Меѓутоа, Англичаните отсекогаш биле сметани за наративни сликари, што во европски контекст беше сфаќано како лошо и понижувачко. Тоа јас го оспорувам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сфаќаш дека немаш друго што да направиш и плачеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеднаш сфаќам дека е ова предел на некакви гасови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дури кај одмаралиштето таа повторно се свртува кон мене за да ми објаснела дека за жал добитоткот, за разлика од луѓето, побавно ги сфаќал нагледните примери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Цело време се поистоветувам со нечиј туѓ живот, но сфаќам дека мојата приказна е само моја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Очињата им се оѕверија, се затаија во себе како мачки пред да рипнат на жртвата, но истовремено сфаќајќи ја својата немоќ и се оладија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татко ми исто така не ме сфаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега сфаќав зошто не ги довршил студиите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При тоа сфаќам една своја темелна грешка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаеја дека војниците сепак ги сфаќаат и после сето познанство незгодно им е да употребат сила.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие уште не сфаќаа што се случува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Морам да признаам дека оваа порака ја сфатив а и порано ја сфаќав како правило до кое треба стриктно да се придржувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сфаќам зошто токму таму ме оставиле и тоа пред портата на црквата, која и не постоела кога сум се родила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе