сценарио ср.

сценарио (ср.)

Имено мил мој, тие сценарија се туѓ проживеан живот, поука добра, но репризата, туѓиот проект не е пат за успех, никогаш не дава успех, е трагедија.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Премини на некоја чие сценарио е пишувано од други.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ме викнаа луѓе од власта и ми рекоа да подготвам сценарио за кус документарен филм за акумулацијата во Долнец и една изложба на фотографии и текстови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Додека тие седеа стиснати како курсисти, тој на подиумот накратко им ги изнесуваше главните црти на сценариото, служејќи се со кредата на таблата како професор по тригонометрија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа беше еден од оние сонови кои, задржувајќи го карактеристичното сценарио на сонот, претставуваат продолжение на интелектуалниот живот на сонувачот и во кој тој станува свесен за факти и за идеи кои изгледаат нови и вредни и откако ќе се разбуди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Променетото сценарио го подразбираше и минувањето на границата, последната епизода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луција со задоволство ја прифати таа идеја, оти, рече, во сценариото сосема ја заборавила изворната народна песна; и, второто нешто, рече Земанек, би требало да биде – паузата, бидејќи програмата е особено обемна и може да ја замори публиката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филмот има малку сцени и крајна рафинираност; тој е модел за правење на сценарија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Приказна за татко што го исфрла сина си на улица или се откажува од него или за татко што сплеткари против сина си или му ја планира смртта; настан во кој син го удира татка си; приказна за син што се обидува да го убие татка си: самото спомнување на вакви сценарија е доволно да потсети на познатите сижеа од европската книжевност и култура – а да не зборуваме за фројдовската психоанализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, ете, затоа, кога донеле одлука да се одбележи петгодишнината од изградбата на Долнечката брана, одредиле тој да напише кратко сценарио за документарен филм и да ја уреди изложбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сценариото веќе беше напишано, и јас едноставно го земав и го снимив.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Режисерот, врз елементите на понуденото „сценарио“ на домаќините, односно посета со цел да се избере драма за Албанската драма во Скопје, по повод 100 – годишнината од раѓањето на Сталин од театарскиот репертоар на Албанија, имаше посебно место во делегацијата, но на тоа не обрнуваше посебно внимание.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Има напишано и две сценарија за документарни филмови и тоа „Бараме леб“ и „Штрајкот на велешките гимназисти“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Помислив дека започнува да се одвива варијантата на негативното сценарио на моето враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И стварно, по недела дена седевме со мали Џонсон, а јас глумев дека имам малтене готово сценарио што гарантира вртоглав милионски профит.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Војничето ја погледна замислено. Беше јасно дека таа му бега од сценариото. Не знаеше како да се однесува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Владе секако би сакал да се одржи прославата затоа што бил ангажиран да подготви сценарио за краток филм и изложба на фотографии и текстови за јубилејот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Добро сценариото си беше наивно, веројатно и предвидливо.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Драма.  Затоа пак, убиства повеќе одошто треба добро платени сценарија филмот (ми) се враќа назад.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Си го чекаш својот ред, исто како примерен затвореник од некое Орвел–сценарио.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Повеќе