тагува (несв.)
Доста сентименталност. Слабите и неспособните нека живеат од спомени. Тие нека тагуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Најпрвин не знаев дали тој тагува по тие што отидоа или заради тоа што тој и не е со нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но не ја оставив да тагува и да блада по јаболка. Ѝ носев в пазува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И тие плачеа и тагуваа и жалосно пееја за своите сињори и сињорити...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Веројатно во исто време тагуваа уште многу семејства во градот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Времето заспива во звук на далечна светлост Вљубени, со жолти цветови во рацете Тагуваат вечна ноќ.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Тагува сонцено по твоето стебло да се симне тука, крај морево да заспие.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Сонцето можеби тагуваше по априлските мигови.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Стоеше крај неа Полжавот и тагуваше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ја фатив за рачето и си појдовме дома. А таа беше молчалива и тажна. Тагуваше за отсечените елки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Неговите домашни тагуваа за изгубеното богатство.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Баба силно тагуваше оти синот се врати од Истанбул, се чинеше засекогаш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога се чувствуваме беспрекорно одлично и среќно ако не го поделиме тоа со вистинските луѓе, кои знаат да се радуваат и тагуваат со нас, таа среќа никогаш нема да биде целосна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Марко спиеше по цел ден на фотелјата покрај твојот кревет, чувствуваше дека те нема и тагуваше по тебе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Младен тагува од другата страна на реката и ги сонува своите мостови.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Станав дел од палестинската толпа во Париз која тагуваше за својот раиз.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ели сѐ повеќе го чувствуваше отсуството на мама и често и долго плачеше по неа, просто тагуваше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Внучиња, едни тагуваа што ве немаат други што ве оставаат и потоа заедно легнаа под мене мракот мој да не го видите.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Вистинска зимска ноќ, а во неговиот поглед тоа прилегаше на една топло расплавена цветна априлска или мајска утринска ледина во која цветовите, испреплеткани со рамката на една заедничка слика, те повикуваат со добрината на играта која, до колку не ја прифатиш, цел живот ќе тагуваш, ќе се каеш, ќе болуваш.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)