такса (ж.)

БАЖДАРИНА - трошарина, царина, давачка, општинска такса
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Исто така, можеби умесно ќе беше доколку експлицитно се нормираше дека поднесувањето на уставната тужба не подлежи на судски или било какви други такси.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ослободувањето од плаќање на трошоците на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во капитализмот, обидите за итра добивка (во случајов, зголемување на бројот на жители за кои ќе се плаќаат такси без никакво вложување) сепак не можат да се сметаат за нечија фатална грешка, зашто, во спротивно, не ќе постоеше брзиот и лесен пресврт на капитал…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Судот може да ја ослободи странката само од плаќање на такси ако со плаќањето на таксите значително би биле намалени средствата од кои се издржува странката и членовите на нејзиното семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Токму тука нашите луѓе ги поставуват шаторите, ги паркираат приколките, зашто тука уште не се наплатуваат такси, за ова или за она. Се сместуваат и - летуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имено, Судот од Стразбур, со пресудата Креуз vs Полска 28249/95 од 29.V.2001, веќе го санкционираше прекршувањето на човековото неприкосновено „право на суд“ за сметка на правото државата да си ги наплати судските такси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Впрочем, мене и вам не ни значи ништо тоа што Уставот на нашата држава, само на хартија, ни гарантира одредено право, ако тоа [виртуелно и фиктивно] право ние не можеме и практично да си го заштитиме пред суд – затоа што, на пример, судијата не го зема предметот во работа бидејќи немаме пари да ги платиме скапите судски такси, како и лукавиот противнички адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сегде, па и на главното џаде за Струга кое беше исто врз мост, од кој подолу имаше стотина далјани за риба, и таму секој што влегува или излегува од градот плаќаше пазарна такса или десеток на риба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За него работат и соланите низ цела Румелија, тарапаната за сечење сребрени аспри, тарапаната за златни дукати, сребрените рудници, оризиштата, трговските такси...“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Процесните трошоци беа одмерени на 6.000 МКД (околу 100 ЕУР) и, откако првично судските такси ги плати синдикатот на „Алумина“, подоцна тие паднаа на терет на туженото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овдешните староседелци (иначе мешавина на Чироки, Ирокези и Команчи) живеат у посебни резервати кај што нема ни такса, ни данок, ни акциза.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Затоа, според ферманот, нему му припаѓаше сѐ околу езерото, сѐ што лета на небо, оди по земја и плива во езерото, а покрај тоа неговиот закон зафаќаше и сѐ друго поврзано со живите, избеганите робови, соколските седела, па и сите даноци, од пазарните такси, од данокот за пасење на добитокот, за лозјата, димнината, арачот и џизието, па сѐ до најомразениот од сите даноци, данокот наречен „спенча”, кој сѐ уште се плаќаше со деца, иако по разни патишта и со разни хуџети до шеријатот, одамна се бараше да се прекине со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Татко посебно внимание им посвети на ориентализмите кои означуваа разни давачки и такси што ги давало населението како: ангарија (со потекло од грчкиот во турскиот јазик angarya); арач (од арапски hara); бедел, замена, воен данок, замена за еквивалентна вредност, замена за воен обврзник (од арапски bedel); баждарина, баждарлак, баждар, такса за внесување стока во градот (од персиски bac); кафе-оџак-параси, вид данок што го уплатувале агите и делибашите во прилог на пашата (од турски kahve ocak parasi); ихтибаре, такса за право на тргување (од турски ihtibare)
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трошоците околу судскиот спор т.е. висината на судските такси не влијаеја одвраќачки при помислата дали тој да тужи, затоа што тогаш најде средства за да ги покрие овие издатоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Парничните трошоци , кои исто така паднаа на товар на тужениот, изнесуваа 3.000 денари и ги опфаќаа само судските такси за поднесување тужба и за донесување одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Игуменот продолжи, кркорејќи од старечката кашлица: „Имај на ум и ова: секој што доаѓа на панаѓурот, било Грк, или Бугарин. или Србин, Латин, Арбанас, Влав, да ја плати законската такса.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
5.  Тужбата со прилозите се доставува до тужениот на одговор во рок од осум дена од денот на приемот, доколку не е потребно да се преземат дејствија на уредување на тужбата и наплата на судската такса.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе