талка (несв.)

Осамена пеперутка во ѕвездено оро неуморно трепка и талка...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Некои гинат за идеал други за себе и свој капитал сите се деца на една мајка но некое од нив на улица талка
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уморно и тешко талкав и се качував по угорницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Умот, срцето и душата сега се едно морбидно место без засолниште кои талкаат низ расфрлените денови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мигот со тебе И повторно талкам во овие доцни часови до твојот ум, и никако да сфатам дека и да стигнам таму, ти пак ќе ме болиш...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Духот на таа вера просто блика од делото на Ренџов, ги буди спомените за детството, ги оживува приказните за нечестивите кои само ќе ја зголемат силата на Божјото име, ги подотвора пердињата на одаите во кои течеше еден живот налик на вечност, влегува во црквите и манастирските ќелии, и талка по далечините изгазени од нозете на аџиите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Весниците се полни со среќа, по тротоарите талка висока лесноумност, а издувните гасови ги покриваат авениите небаре автомобилите се движат на прдежи од грав.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Би сакал уште малку да те задржам во ова убаво мое зајдисонце меѓу ридовите но ти веќе се оддалечуваш талкајќи кон некое соѕвездие што сал тебе ти припаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само талка со погледот. А болскоти забот в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега со години талка сам низ полето и ги собира стакленцата од очилата на детето некогаш што седеше во првата клупа и кое најубаво ја кажуваше песната: кога е војна – секое дете е јаболко расечено на две половини кон земјата зелена кон небото – црвена.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Талкаше некое време низ логорот во потрага по кафе и по доручекот дојде до една од оние нагли одлуки кои подоцна се забавни за разгледување.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Откако добро се најаде, си се врати во своето дувло и го посматраше од зад една грмушка лесноумното кутре како талка и пати осамено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Слегов во центарот на градот и се вртам така: талкам, се ѕверам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега ја беа напуштиле чистинката и повторно талкаа низ шарената сенка, прегрнати околу половината секогаш кога беше доволно широко за да одат паралелно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На кои гробишта талкаш, красителу на мртвите, на кој споменик, врз кој гроб го дотеруваш мермерот и врз него името му го врежуваш со длетото и чеканот, со која тажна младеж разговараш преку студена земја, чија мајка тешиш?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе